Лола и јас
– Кјара Валентина Сегре
Илустрирано од Паоло Доменикони
Превод од италијански јазик: Ирина Талевска
„…Лола нежно ми прошепоти: „Отсега, па натаму ќе бидеш мојот водич и светлината во моите очи.“ И, од тој миг, јас се викам Ѕвезда.“
Да ти ја раскажам мојата приказна Протек на европски книжевни дела за млади
Разнесувачката на леб
– Петeр Светина
илустрирано од Јокин Мичелена
Превод од словенечки јазик: Давор Стојановски
ISBN: 978-608-4998-20-4
Лебот е леб за телото, а гласовите се леб за душата.
„Разнесувачката на леб“ е приказна за патувањето и за потрагата низ кои треба да минеме за да се пронајдеме себеси и другите. Мајсторскиот текст на Петер Светина ни ја раскажува приказната за растењето на Јан и Марија и за лебот, а исклучителните илустрации на баскискиот илустратор Јокин Мичелена одлично ја надополнуваат.
Да ти ја раскажам мојата приказна Протек на европски книжевни дела за млади
Само уште пет минути
– Патриша Першоља
илустрирано од Полона Ловшин
Превод од словенечки јазик: Дарко Спасов
ISBN: 978-608-4998-19-8
Зошто некои родители не се грижат за своите деца? Зошто ги оставаат? Момче што пораснало без татко, го поставува ова прашање без критики и морализирање, дури и со разбирање и топлина. Наменето е за тато, но и за сите нас.
Да ти ја раскажам мојата приказна Протек на европски книжевни дела за млади