Сказнувалка е мала издавачка куќа чија мисија е да придонесе за развојот и интелектуалното богатство на децата преку текстови и илустрации што ќе им ја разбудат имагинацијата и уметничкиот сензибилитет, ќе им ја поттикнат емпатијата, ќе им понудат поинакви перспективи и ќе им помогнат да изградат автентични замисли и ставови.



Идејата нѝ е да издаваме висококвалитетна литература од најдобрите локални и светски уметници и автори, за децата да можат да уживаат во читањето и во визуелното доживување.

Длабоко веруваме во трансформативната моќ на читањето, на текстуалните и на визуелните пораки. Читањето уште од најмала возраст нѝ отвора врати кон побогат живот, нè поттикнува да станеме покреативни и сочуствителни, да се развиваме и интелектуално и хумано.