Сосем обичен ден – Марк Јансен

Јансен намерно не нѝ открива како се врзани текстот и сликата, ниту како да ја протолкуваме противречноста меѓу нив. Се случува игра на вистини и перцепции кои фасцинираат поради силната сјајност и интензивните бои. Кратките дијалози и двете деца се само мали делчиња во сликите во коишто доминираат животинските фигури. Зарем не е посебно она што им се случува на Ник и Сара [заб. на прев.: Матеј и Ива во македонското издание]? Да му верувате ли на прецизно формулираниот текст или на екстравагантните слики? Или можеби и на двете? Или расцутената фантазија што се рефлектира во акварелните слики на Јансен му припаѓа на секојдневниот детски живот и така сето ова е сосем вообичаено? Не е важно. Алтернативната реалност која холандскиот илустратор ја дизајнира во сликовницата е вистинско уживање и провокација за дискусија. И покажува колку е важно понекогаш ништо да не се случува. Покажува колку е убава и продуктивна здодевноста.

Марлене Цурер (Marlene Zöhrer), Süddeutsche Zeitung, 01.02.2018 извор

Повеќе за авторот / илустраторот

Празнина – Ана Лјенас

Не постои поголема болка од загубата. Загубата е дел од нашиот живот. Децата, особено оние од третата до шестата година сè уште целосно не го разбираат губењето и смртта ја доживуваат привремено. Не плашете се да ја отворите оваа книга. Не плашете се да зборувате за смртта. Тагата е пријател на губењето. Покажете му на детето дека таа пријателка има нешто да му каже. Научете го секогаш кога ќе се почувствува тажно да го нацрта или напише тоа што го чувствува. Тагата ја лекува болката на детето. Со тек на време детето учи да ја прифаќа новонастанатата динамика, но и учи да му дава поголема вредност на животот.

Христина Стефановска, психолог за деца и адолесценти
Деца.мк, 02.02.2021 извор

Книгата „Празнина“ од Ана Лјенас е една од оние детски книги што кришум им намига на возрасните. Додека децата ја читаат и уживаат во илустрациите, возрасните не можат а да не ги почувствуваат во празнината на главниот лик Јулија сопствените празнини — минати, сегашни, идни. Но, како што Јулија открива дека и другите луѓе имаат свои празнини и успева да најде убавина во споделувањето на својата, возрасниот читател наоѓа начин да заборави на себеси, затоа што сега има поважна задача — да зборува со детето за комплексноста на емоциите.
Ова ретко искрено издание на „Сказнувалка“ несомнено отвора нови хоризонти во детската литература.

Сања Михајловиќ-Костадиновска
Окно.мк, 23.12.2020 извор

Повеќе за авторот/илустраторот

Го видел ли некој другото зајаче? – Маранке Ринк и Мартајн ван дер Линден

Умешен спој на повторувања и варијации. Едноставна идеја, развиена на смел и хумористичен начин.

JaapLeest, 2016 извор

Повеќе за авторот / илустраторот