Сказнувалка / Литература за деца и млади
ЗА КМЕТОТ САЛОМОН И ВИНОЖИТОТО
ЗА КМЕТОТ САЛОМОН И ВИНОЖИТОТО
SKU:44-OCI-E-KNIGA
На залиха
Не може да се вчита достапност за превземање
ЗА КМЕТОТ САЛОМОН И ВИНОЖИТОТО
Сликовница
Автор: Марќин Шчигелски (Полска) Илустратор: Адам Пенкалски (Полска)
Наслов на оригиналот: O SOŁTYSIE SALOMONKU I TĘCZY
Превод од полски јазик: Филип Димевски
Возраст: 6 -12 години / 46 стр. / 20,5 x 26 cm
ISBN 978-608-4998-53-2
Ѕирни во содржината:
Кметот Саломон би бил потполно среќен да не е син му Јоаким... загледан во виножитото.
Еден ден загрижениот татко решава да ги праша најмудрите луѓе во селото за што служи виножитото. Што ќе му одговори учителот, најучениот од сите? А поштарот, кој благодарение на својата работа знае сѐ за секого? Што претставува виножитото за алчниот дуќанџија, а што за свештеникот, кој е малку збунет од прашањето?
А, ти? Што мислиш ти? За што ни служи виножитото? Или, можеби, не мора баш сè да служи за нешто? И, мора ли баш сè да се разбере? Зарем не е подобро едноставно да се ужива во него? А, најдобро се ужива... во друштво.
Бајка за големи и мали, бидејќи никогаш не е рано или доцна за среќа.

Сподели
Е-книги во издание на Сказнувалка
Е-книги во издание на Сказнувалка
Сказнувалка започна со продажба на електронски изданија (е-книги) на одредени наслови во .epub формат за е-книги. По извршеното плаќање Сказнувалка ќе ви испрати потврда и линк со пристап до датотеки, каде што можете да ја преземете .epub датотеката (или повеќе датотеки доколку купите повеќе од една книга).
Е-книгата можете да ја отворите со е-читачи (e-readers) достапни за сите типологии на уреди:
Android уреди: достапни се повеќе апликации за бесплатно преземање во Google Play (Google Play Books, Amazon Kindle, Adobe Digital Editions и сл.). Наша препорака е да тестирате неколку апликации и да го инсталирате е-читачот што одговара најдобро на вашите потреби.
Apple уредите имаат вграден е-читач (Apple books) и е-книгата можете да ја отворите веднаш.
За Desktop уредите Сказнувалка ја препорачува апликацијата Calibre (можете да ја преземете бесплатно и да ја инсталирате на вашиот уред).
Сите е-читачи имаат опции за персонализација на текстот, маргините, бојата на позадината, директен пристап до одредена секција од содржината (глави / поглавја), обележување термини, параграфи и други функционалности за вистинско уживање при читањето на е-книгата.
Вие сте на ред, почитувани е-читатели :)
- Бесплатна испорака за нарачки од 1,100+ ден.





