ИЗДАВАЧКА КУЌА СКАЗНУВАЛКА

Сказнувалка е мала, компактна и иновативна издавачка куќа со фокус на литература за деца и млади.
Претпочита несекојдневни, проникливи и суперинтересни автори.
Сказнувалка издава исклучително квалитетни текстови придружени со врвни илустрации.
Редовно организира и спроведува интерактивни детски работилници во рамки на проектните активности.

АКТИВНИ / РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ

Проект:GG4A - Иновативна меѓукултурна промоција на читањето | Статус: активен проект

Меѓународниот проект „GG4A: Иновативна меѓукултурна промоција на читањето“ промовира и контекстуализира шест висококвалитетни европски книжевни дела за млади читатели од малцински или од помалку познати книжевности, од кои повеќето се напишани на поретко употребувани јазици.

Водечки автори од Словенија, Баскија и од Португалија ќе бидат преведени од реномирани преведувачи на македонски, словенечки, баскиски, шпански и на португалски јазик.

Проект:Да ви ја раскажам мојата приказна | Статус: активен проект

Проектот „Да ви ја раскажам мојата приказна“ се состои од превод, објавување, дистрибуција и промоција на 15 од најдобрите современи европски приказни за адолесценти. Секоја година ќе се објавуваат и промовираат пет наслови од автори од седум различни европски земји: Франција, Италија, Шпанија, Холандија, Словенија, Грција и Полска.

Проект:План за поттикнување читачки навики кај младите | Статус: реализиран проект

Книжевен проект реализиран во периодот 2020 – 2022 г. со цел развој на нова читателска публика, нудејќи им на младите читатели квалитетен избор на европски наслови, врвен превод и сензибилитет различен од вообичаениот.

Избраните книги зборуваат со автентичен глас преку главните ликови, третираат теми привлечни за младите, а истовремено промовираат вредности како толеранција, пријателство и солидарност.

АВТОРИ / ПРЕВЕДУВАЧИ

Автори
Марк Јансен →
Писател / Илустратор
Ана Лјенас →
Писател / Илустратор
Преведувачи
Сане ван ден Хеувел →
Преведувач од холандски јазик
Ирина Талевска →
Преведувач од италијански и шпански јазик
Сања Михајловиќ Костадиновска →
Преведувач од шпански јазик
Грет Јанс Серафимовска →
Преведувач од холандски јазик
Филип Димевски →
Преведувач од полски јазик
Живко Гроздановски →
Преведувач од грчки јазик
Софија Григориаду →
Преведувач од грчки јазик

Тука завршува воведот за Сказнувалка :)

Малечки сме, ама цепаме полни со ентузијазам и љубов кон детската книга. Тие умни, креативни и неконтаминирани детски главчиња заслужуваат квалитетна книга и родителско внимание преку утринско, попладневно или вечерно читање. А со нив учиме и ние „возрасните“, ги деконтаминираме нашите мозочиња и се навраќаме на начин на живеење којшто подразбира „чиста“ емоција.

Што би рекол малиот Дамче, овој молив не е обичен молив: освен што е најкусиот молив на светот, тој од едната страна пишува, а од другата има дупче.

Претпоставуваме дека сега сè е јасно !! :)