Кон информации за артиклот
1 од 2

Сказнувалка / Литература за деца и млади

УР: КНИГА ЗА ДОЖДОТ

УР: КНИГА ЗА ДОЖДОТ

SKU:46-OCI-ME

Повез
Редовна цена 450 ден.
Редовна цена Продажна цена 450 ден.
Попуст Недостапно
Попусти и испорака вкалкулирани пред плаќање.

На залиха

УР: КНИГА ЗА ДОЖДОТ

Книги, романи за млади

Автор:  Хуан Крус Игерабиде (Шпанија) Илустратор: Елена Одриосола (Шпанија)
Наслов на оригиналот:  UR: EURIAREN LIBURUA 

Превод од шпански јазик:  Сања Михајловиќ Костадиновска
Возраст: 6 -12 години / 113 стр. / 15 x 21 cm

ISBN 978-608-4998-56-3

Ѕирни во содржината:

Оваа приказна пристигна на облак, еден ден додека истураше дожд и беснееше ветар, а капките дожд паѓаа на сите страни, те ваму те таму, на која како ќе ѝ текне, некои главечки, некои помешечки, некои право како стрели, други лизгајќи се како по тобоган, трети нишајќи се лево-десно. Невиден хаос. Облаците ги сееја капките на сите можни начини.


Паѓајќи така, капките дожд се разминуваа или се судираа, некои се сплотуваа, а некои се раздвојуваа... „Еј ти! Што правиш?“ – „А ти, каде си тргнала?“ – „Од каде дојде, пак, ти?“ Но, ниедна од нив не знаеше што да одговори, бидејќи беа збунети, не знаејќи каде ќе ги дувне ветарот и каде ќе паднат. Беа навистина изгубени.

Skaznuvalka - Programa Kreativna Evropa - Poddrzuvac

Е-книги во издание на Сказнувалка

Сказнувалка започна со продажба на електронски изданија (е-книги) на одредени наслови во .epub формат за е-книги. По извршеното плаќање Сказнувалка ќе ви испрати потврда и линк со пристап до датотеки, каде што можете да ја преземете .epub датотеката (или повеќе датотеки доколку купите повеќе од една книга).

Е-книгата можете да ја отворите со е-читачи (e-readers) достапни за сите типологии на уреди:

Android уреди: достапни се повеќе апликации за бесплатно преземање во Google Play (Google Play Books, Amazon Kindle, Adobe Digital Editions и сл.). Наша препорака е да тестирате неколку апликации и да го инсталирате е-читачот што одговара најдобро на вашите потреби.

Apple уредите имаат вграден е-читач (Apple books) и е-книгата можете да ја отворите веднаш.

За Desktop уредите Сказнувалка ја препорачува апликацијата Calibre (можете да ја преземете бесплатно и да ја инсталирате на вашиот уред).

Сите е-читачи имаат опции за персонализација на текстот, маргините, бојата на позадината, директен пристап до одредена секција од содржината (глави / поглавја), обележување термини, параграфи и други функционалности за вистинско уживање при читањето на е-книгата.

Вие сте на ред, почитувани е-читатели :) 

  • Бесплатна испорака за нарачки од 1,100+ ден.
Прикажи артикл