Кон информации за артиклот
1 од 2

Сказнувалка / Литература за деца и млади

ПАРИЗ, ЗАЈАКОТ, ДВАЈЦАТА БРАЌА И НИВНИТЕ ПРИЈАТЕЛИ

ПАРИЗ, ЗАЈАКОТ, ДВАЈЦАТА БРАЌА И НИВНИТЕ ПРИЈАТЕЛИ

SKU:50-OSA-ME

Повез
Редовна цена 500 ден.
Редовна цена Продажна цена 500 ден.
Попуст Недостапно
Попусти и испорака вкалкулирани пред плаќање.

На залиха

ПАРИЗ, ЗАЈАКОТ, ДВАЈЦАТА БРАЌА И НИВНИТЕ ПРИЈАТЕЛИ

Книги, романи за млади

Автор:  Мари-Од Мирај (Франција)
Наслов на оригиналот:  SIMPLE

Превод од француски јазик:  Маја Бојаџиевска
Возраст: 9+ години, 13+ години / 304 стр. / 15 x 21 cm

ISBN 978-608-4998-58-7

Ѕирни во содржината:

Симпл вели „оф, оф, лош збор“ кога брат му, Клебер, кажува погрдни зборови. Симпл вели „Не ми се допаѓа никој овде“ кога никој овде не му се допаѓа. Симпл може да брои многу брзо: 7, 9, 12, Б, илјада, сто. Си игра со фигури и со човекчињата скриени во тефелоните, во будилниците и во семафорите. Има и три и дваесет и две години. Дваесет и две според датумот на раѓање. Три според ментална возраст. 
Од друга страна, Клебер е во четврта година гимназија, многу е храбар и многу, многу уморен од грижата за Симпл. Покрај брата си, Симпл има уште еден пријател – плишениот зајак, господин Кокорајко. Господин Кокорајко му е верен соборец во борбата на живот и смрт. 
Ништо не е едноставно во животот на Симпл и Клебер. Но, денот кога Клебер ќе одлучи да живее во заеднички стан со четворица студенти, три момчиња и една девојка, за да го спаси Симпл од институцијата за ментално болни Маликроа, сè станува уште покомплицирано.

Е-книги во издание на Сказнувалка

Сказнувалка започна со продажба на електронски изданија (е-книги) на одредени наслови во .epub формат за е-книги. По извршеното плаќање Сказнувалка ќе ви испрати потврда и линк со пристап до датотеки, каде што можете да ја преземете .epub датотеката (или повеќе датотеки доколку купите повеќе од една книга).

Е-книгата можете да ја отворите со е-читачи (e-readers) достапни за сите типологии на уреди:

Android уреди: достапни се повеќе апликации за бесплатно преземање во Google Play (Google Play Books, Amazon Kindle, Adobe Digital Editions и сл.). Наша препорака е да тестирате неколку апликации и да го инсталирате е-читачот што одговара најдобро на вашите потреби.

Apple уредите имаат вграден е-читач (Apple books) и е-книгата можете да ја отворите веднаш.

За Desktop уредите Сказнувалка ја препорачува апликацијата Calibre (можете да ја преземете бесплатно и да ја инсталирате на вашиот уред).

Сите е-читачи имаат опции за персонализација на текстот, маргините, бојата на позадината, директен пристап до одредена секција од содржината (глави / поглавја), обележување термини, параграфи и други функционалности за вистинско уживање при читањето на е-книгата.

Вие сте на ред, почитувани е-читатели :) 

  • Бесплатна испорака за нарачки од 1,100+ ден.
Прикажи артикл