Сказнувалка / Литература за деца и млади
ОСАМЕНОТО ДРВО
ОСАМЕНОТО ДРВО
SKU:35-OSA-ME
На залиха
Не може да се вчита достапност за превземање
ОСАМЕНОТО ДРВО
Книги, романи за млади
Автор: Марија Папајани (Грција)
Илустрација: Ефи Лада (Грција)
Наслов на оригиналот: ΤΟ ΔΕΝΤΡΟ ΤΟ ΜΟΝΑΧΟ
Превод од грчки јазик: Софија Григориаду и Живко Грозданоски
Возраст: 9+ години, 13+ години / 226 стр. / 15 x 21 cm
ISBN 978-608-4998-44-0
Ѕирни во содржината:
На карпите, во подножјето на планината, се наоѓа село недопрено од новото време. Во далечината се гледа морето.
По долги години во селото се враќа Виолета, сега веќе старица. Во исто време исчезнуваат амајлиите од црквата и токму на неа паѓа сомнежот. Минатото на оваа жена е темно, а сегашноста неизвесна. Ја викаат „Вештерката“.
Симос, момче израснато со локалните легенди, е единственото што верува во нејзината невиност. Но, дали ќе се осмели да им се спротивстави на другарите, кои организираат заговор за да го разоткријат „вистинското“ лице на вештерката?
Минатото на селото и на селаните се расплетува низ сеќавањата на постарите и откровенијата на помладите. Место што е темно и светло во исто време, место што ја бара својата вистина преку верувања, предрасуди, соништа и визии, предавства, страсти и сенки.

Сподели
Е-книги во издание на Сказнувалка
Е-книги во издание на Сказнувалка
Сказнувалка започна со продажба на електронски изданија (е-книги) на одредени наслови во .epub формат за е-книги. По извршеното плаќање Сказнувалка ќе ви испрати потврда и линк со пристап до датотеки, каде што можете да ја преземете .epub датотеката (или повеќе датотеки доколку купите повеќе од една книга).
Е-книгата можете да ја отворите со е-читачи (e-readers) достапни за сите типологии на уреди:
Android уреди: достапни се повеќе апликации за бесплатно преземање во Google Play (Google Play Books, Amazon Kindle, Adobe Digital Editions и сл.). Наша препорака е да тестирате неколку апликации и да го инсталирате е-читачот што одговара најдобро на вашите потреби.
Apple уредите имаат вграден е-читач (Apple books) и е-книгата можете да ја отворите веднаш.
За Desktop уредите Сказнувалка ја препорачува апликацијата Calibre (можете да ја преземете бесплатно и да ја инсталирате на вашиот уред).
Сите е-читачи имаат опции за персонализација на текстот, маргините, бојата на позадината, директен пристап до одредена секција од содржината (глави / поглавја), обележување термини, параграфи и други функционалности за вистинско уживање при читањето на е-книгата.
Вие сте на ред, почитувани е-читатели :)
- Бесплатна испорака за нарачки од 1,100+ ден.

