Кон информации за артиклот
1 од 2

Сказнувалка / Литература за деца и млади

ОЧИТЕ НА МИХАЛИНА

ОЧИТЕ НА МИХАЛИНА

SKU:35-OCI-ME

Повез
Редовна цена 600 ден.
Редовна цена Продажна цена 600 ден.
Попуст Недостапно
Попусти и испорака вкалкулирани пред плаќање.

На залиха

ОЧИТЕ НА МИХАЛИНА

Книги, романи за млади

Автор:  Марќин Шчигелски (Полска)
Наслов на оригиналот:  OCZY MICHALINY 

Превод од полски јазик:  Филип Димевски
Возраст: 9-15 години / 402 стр. / 15 x 21 cm

ISBN 978-608-4998-45-7

Ѕирни во содржината:

Научнофантастичен роман за читатели на возраст од 9 до 15 години.

Михалина живее во Градот на четири ветрови – огромен, воедно неверојатно стар и супермодерен. Град во кој живеат милиони луѓе, во кој се одржуваат големи панаѓури, фестивали и концерти. Град на стаклени облакодери, ултрабрзи возови, подвижни патеки и големи, шарени екрани. Но, тоа е град и на разурнати, растурени урнатини што масовно ги посетуваат загрижени археолози...

Нештата што понекогаш ги гледа Михалина честопати се опасни, забавни, интересни, чудни, прекрасни, грди, некојпат страшни, но никогаш, баш никогаш не се обични. Се разбира, тука станува збор за нешта што другите, освен таа, не ги забележуваат, зашто Михалина секој ден гледа милиони ситни нешта од кои се состои светот што ја опкружува. Најпосле, има очи, нели? Овде се работи за Специјални нешта, како што Михалина ги нарекува за сопствена употреба, иако, всушност, воопшто не се нешта и ни најмалку не се материјални.
Најверојатно...

Skaznuvalka - Programa Kreativna Evropa - Poddrzuvac

Е-книги во издание на Сказнувалка

Сказнувалка започна со продажба на електронски изданија (е-книги) на одредени наслови во .epub формат за е-книги. По извршеното плаќање Сказнувалка ќе ви испрати потврда и линк со пристап до датотеки, каде што можете да ја преземете .epub датотеката (или повеќе датотеки доколку купите повеќе од една книга).

Е-книгата можете да ја отворите со е-читачи (e-readers) достапни за сите типологии на уреди:

Android уреди: достапни се повеќе апликации за бесплатно преземање во Google Play (Google Play Books, Amazon Kindle, Adobe Digital Editions и сл.). Наша препорака е да тестирате неколку апликации и да го инсталирате е-читачот што одговара најдобро на вашите потреби.

Apple уредите имаат вграден е-читач (Apple books) и е-книгата можете да ја отворите веднаш.

За Desktop уредите Сказнувалка ја препорачува апликацијата Calibre (можете да ја преземете бесплатно и да ја инсталирате на вашиот уред).

Сите е-читачи имаат опции за персонализација на текстот, маргините, бојата на позадината, директен пристап до одредена секција од содржината (глави / поглавја), обележување термини, параграфи и други функционалности за вистинско уживање при читањето на е-книгата.

Вие сте на ред, почитувани е-читатели :) 

  • Бесплатна испорака за нарачки од 1,100+ ден.
Прикажи артикл