Кон информации за артиклот
1 од 1

Сказнувалка / Литература за деца и млади

МАРТА ПРЕД ОГЛЕДАЛОТО

МАРТА ПРЕД ОГЛЕДАЛОТО

SKU:36-MAR-ME

Повез
Редовна цена 200 ден.
Редовна цена 400 ден. Продажна цена 200 ден.
Попуст Недостапно
Попусти и испорака вкалкулирани пред плаќање.

На залиха

МАРТА ПРЕД ОГЛЕДАЛОТО

Книги, романи за млади

Автор:  Тереза Кало (Шпанија)
Наслов на оригиналот:  MARTA ANTE EL ESPEJO

Превод од шпански јазик:  Борјана Мојсовска
Возраст: 13+ години / 68 стр. / 15 x 21 cm

ISBN 978-608-4998-43-3

Ѕирни во содржината:

Марта има околу седумнаесет години. Барем ги имаше кога премина на другата страна, на страната на празната, безболна, неповратна вечност. Огледалото пред кое се сеќава на последните моменти од животот, не ја отсликува нејзината слика, туку само нејзините сеќавања и чувства. Какво олеснување што не мора да го слуша плачот на мајка си или немиот очај на татка си. Чувството на слобода, затоа што веќе не мора да се преправа дека јаде или, уште полошо, навистина да јаде за да му угоди на семејството... Во драматичен дијалог што се чита како приказна, Марта искрено и директно зборува за својата состојба, за анорексијата. Притоа, со иронија ги измазнува рабовите на спомените, кои ја водат до копнеж по девојката што некогаш била.

Марта со својата тинејџерска бунтовност е немилосрдна и овој нејзин став текстот го посипува со огледала што таа ги прикачува на себе и ги насочува кон општеството. Кога ќе ја разоткрие сложеноста на причините зад својата болест и зад смртта, таа конечно успева да излезе од фаталноста на маѓепсаниот круг. Во страшната завршница на животот, каде што веќе нема простор за блефирање, соочена со реалноста и со вистината, таа успева да ја види конечноста на својата состојба.

Е-книги во издание на Сказнувалка

Сказнувалка започна со продажба на електронски изданија (е-книги) на одредени наслови во .epub формат за е-книги. По извршеното плаќање Сказнувалка ќе ви испрати потврда и линк со пристап до датотеки, каде што можете да ја преземете .epub датотеката (или повеќе датотеки доколку купите повеќе од една книга).

Е-книгата можете да ја отворите со е-читачи (e-readers) достапни за сите типологии на уреди:

Android уреди: достапни се повеќе апликации за бесплатно преземање во Google Play (Google Play Books, Amazon Kindle, Adobe Digital Editions и сл.). Наша препорака е да тестирате неколку апликации и да го инсталирате е-читачот што одговара најдобро на вашите потреби.

Apple уредите имаат вграден е-читач (Apple books) и е-книгата можете да ја отворите веднаш.

За Desktop уредите Сказнувалка ја препорачува апликацијата Calibre (можете да ја преземете бесплатно и да ја инсталирате на вашиот уред).

Сите е-читачи имаат опции за персонализација на текстот, маргините, бојата на позадината, директен пристап до одредена секција од содржината (глави / поглавја), обележување термини, параграфи и други функционалности за вистинско уживање при читањето на е-книгата.

Вие сте на ред, почитувани е-читатели :) 

  • Бесплатна испорака за нарачки од 1,100+ ден.
Прикажи артикл