Сказнувалка / Литература за деца и млади
КАРТОПЕВЦИ Бизарен атлас на необични места и приказни
КАРТОПЕВЦИ Бизарен атлас на необични места и приказни
SKU:43-OSA-ME
На залиха
Не може да се вчита достапност за превземање
КАРТОПЕВЦИ
Бизарен атлас на необични места и приказни
Книги, романи за млади
Автор: Ву Минг (Италија)
Илустрација: Паоло Доменикони (Италија)
Наслов на оригиналот: CANTALAMAPPA Atlante bizzarro di luoghi e storie curiose
Превод од француски јазик: Ирина Талевска
Возраст: 9+ години, 13+ години / 162 стр. / 13,5 x 20 cm
ISBN 978-608-4998-52-5
Ѕирни во содржината:
Гвидо и за Аделе Картопевец, главните протагонисти во оваа збирка раскази, се необичен пар што сака да патува по светот. Но, внимавајте, тие не се туристи – тие се патници. И имаат голема книга во која ги чуваат сите спомени од своите патувањата, кои се на граница помеѓу фантастичното и историски вистинитото. Токму оттука се раѓа раскажувачкиот универзум кој нè води низ петнаесет убави приказни и исто толку места – повторно, некои реални, некои не. Секоја од овие приказни, е приказна за отпорот, за утопијата, за субверзијата, за можноста за нов свет.
Додека патуваат, Гвидо и за Аделе внимателно набљудуваат, слушаат и учат многу работи: со нив младите читатели ќе откријат дека мора да ја почитуваме природата, да ја браниме слободата, да се борме против ароганцијата и да ја зачуваме меморијата – на секое место и во секое време.

Сподели
Е-книги во издание на Сказнувалка
Е-книги во издание на Сказнувалка
Сказнувалка започна со продажба на електронски изданија (е-книги) на одредени наслови во .epub формат за е-книги. По извршеното плаќање Сказнувалка ќе ви испрати потврда и линк со пристап до датотеки, каде што можете да ја преземете .epub датотеката (или повеќе датотеки доколку купите повеќе од една книга).
Е-книгата можете да ја отворите со е-читачи (e-readers) достапни за сите типологии на уреди:
Android уреди: достапни се повеќе апликации за бесплатно преземање во Google Play (Google Play Books, Amazon Kindle, Adobe Digital Editions и сл.). Наша препорака е да тестирате неколку апликации и да го инсталирате е-читачот што одговара најдобро на вашите потреби.
Apple уредите имаат вграден е-читач (Apple books) и е-книгата можете да ја отворите веднаш.
За Desktop уредите Сказнувалка ја препорачува апликацијата Calibre (можете да ја преземете бесплатно и да ја инсталирате на вашиот уред).
Сите е-читачи имаат опции за персонализација на текстот, маргините, бојата на позадината, директен пристап до одредена секција од содржината (глави / поглавја), обележување термини, параграфи и други функционалности за вистинско уживање при читањето на е-книгата.
Вие сте на ред, почитувани е-читатели :)
- Бесплатна испорака за нарачки од 1,100+ ден.

