Сказнувалка / Литература за деца и млади
КАКО ДОЈДОА ЦВЕЌИЊАТА НА СВЕТ: Бајки за цвеќињата од целиот свет
КАКО ДОЈДОА ЦВЕЌИЊАТА НА СВЕТ: Бајки за цвеќињата од целиот свет
SKU:48-OCI-ME
На залиха
Не може да се вчита достапност за превземање
КАКО ДОЈДОА ЦВЕЌИЊАТА НА СВЕТ
Бајки за цвеќињата од целиот свет
Автори: Бреда Подбрежник-Вукмир, Клариса Јовановиќ (Словенија) Илустратор: Мојца Фо (Словенија)
Наслов на оригиналот: KAKO SO ROŽE PRIŠLE NA SVET: PRAVLJICE O ROŽAH Z VSEGA SVETA
Превод од словенечки јазик: Давор Стојановски
Возраст: 6 -12 години / 152 стр. / 15 x 21 cm
ISBN 978-608-4998-57-0
Ѕирни во содржината:
Цвеќињата имаат значења со кои обликуваат таинствен јазик, кој не можат да го разберат сите, но кој сигурно го разбираат вилите. Освен вилите, јазикот на цвеќињата може да го разбере секој кому му е драго убавото.
Бреда Подбрежник-Вукмир
„Како дојдоа цвеќињата на свет: бајки за цвеќињата од целиот свет“ е избор на приказни, митови и легенди од различни краишта од светот. Преку нив младиот читател ќе ужива во бајките, ќе го запознава светот на цвеќето, но ќе ги насетува и сличностите и разликите во различните култури.
.

Сподели
Е-книги во издание на Сказнувалка
Е-книги во издание на Сказнувалка
Сказнувалка започна со продажба на електронски изданија (е-книги) на одредени наслови во .epub формат за е-книги. По извршеното плаќање Сказнувалка ќе ви испрати потврда и линк со пристап до датотеки, каде што можете да ја преземете .epub датотеката (или повеќе датотеки доколку купите повеќе од една книга).
Е-книгата можете да ја отворите со е-читачи (e-readers) достапни за сите типологии на уреди:
Android уреди: достапни се повеќе апликации за бесплатно преземање во Google Play (Google Play Books, Amazon Kindle, Adobe Digital Editions и сл.). Наша препорака е да тестирате неколку апликации и да го инсталирате е-читачот што одговара најдобро на вашите потреби.
Apple уредите имаат вграден е-читач (Apple books) и е-книгата можете да ја отворите веднаш.
За Desktop уредите Сказнувалка ја препорачува апликацијата Calibre (можете да ја преземете бесплатно и да ја инсталирате на вашиот уред).
Сите е-читачи имаат опции за персонализација на текстот, маргините, бојата на позадината, директен пристап до одредена секција од содржината (глави / поглавја), обележување термини, параграфи и други функционалности за вистинско уживање при читањето на е-книгата.
Вие сте на ред, почитувани е-читатели :)
- Бесплатна испорака за нарачки од 1,100+ ден.




