Сказнувалка / Литература за деца и млади
ГОСПОЃИЦАТА ЧЕРИТИ
ГОСПОЃИЦАТА ЧЕРИТИ
SKU:42-OSA-ME
На залиха
Не може да се вчита достапност за превземање
ГОСПОЃИЦАТА ЧЕРИТИ
Книги, романи за млади
Автор: Мари-Од Мирај (Франција)
Илустрација: Филип Дима (Франција)
Наслов на оригиналот: MISS CHARITY
Превод од француски јазик: Маја Бојаџиевска
Возраст: 9+ години, 13+ години / 528 стр. / 15 x 21 cm
ISBN 978-608-4998-51-8
Ѕирни во содржината:
Черити е девојче.
Мало девојче.
Како и сите деца, и таа е преплавена од љубопитност, гладна за зборови и за нежност.
Арно ама, едно мало девојче од англиската висока класа во 1880-тите мора да молчи и да не се истакнува премногу, освен в црква и ако е потребно. Возрасните околу неа не ѝ обрнуваат внимание, нејзините помали сестри се мртви. Така, Черити се засолнува на третиот кат од својот дом со слугинката Табита. За да не полуди од здодевност или, едноставно, од лудило, во собата одгледува глувци, тренира зајак и проучува печурки под микроскоп.
Додека таа напамет го учи Шекспир и неуморно црта врани во снегот, нејзините братучетки Ана и Лидија растат, одат на балови и флертуваат со недостижниот Кенет Ешли.
Дали навистина никогаш ништо нема да се случи во животот на госпоѓица Черити?
„Драга Мари-Од,
Ја користиш романескната биографијата на Беатрикс Потер за да ни раскажеш сѐ, […] дека, ако има страст, ако е пламенот жив, тогаш овој живот вреди да се живее. Наместо Беатрикс Потер, би можел да биде кој било друг, но бидејќи ги сака животните, ќе им се допадне на најмалите читатели. А, возрасните ќе се воодушеват кога пред себе ќе ги видат Оскар Вајлд и Бернард Шо во живо. Впрочем, сите ќе се воодушеват... сите.“
Ана Гавалда, Ел
„Ја напишав Госпоѓицата Черити за да им оддадам почит на креативните жени од 19 век, на железната волја што им била потребна за да се пробијат во светот со кој владеат мажи. Се двоумев кој модел да го следам: Џејн Остин, грофицата од Сегур, Шарлот Бронте или Жорж Санд? Тогаш се потсетив на биографијата што ја добив како подарок пред дваесет и пет години, „Животинскиот свет на Беатрикс Потер“ од Маргарет Лејн. Ја препрочитав и се воодушевив. Станува збор за животот на вистинска хероина во викторијанска Англија, која толку многу ја сакам. Овој реален живот го преобратив во лажна автобиографија, онаа на Черити Тидлер, хероина што длабоко во себе наликува на мене – девојче затворено во магичен круг, кое малку по малку, полека, успева да постои во очите на другите. Таа цртајќи, јас пишувајќи.“

Сподели
Е-книги во издание на Сказнувалка
Е-книги во издание на Сказнувалка
Сказнувалка започна со продажба на електронски изданија (е-книги) на одредени наслови во .epub формат за е-книги. По извршеното плаќање Сказнувалка ќе ви испрати потврда и линк со пристап до датотеки, каде што можете да ја преземете .epub датотеката (или повеќе датотеки доколку купите повеќе од една книга).
Е-книгата можете да ја отворите со е-читачи (e-readers) достапни за сите типологии на уреди:
Android уреди: достапни се повеќе апликации за бесплатно преземање во Google Play (Google Play Books, Amazon Kindle, Adobe Digital Editions и сл.). Наша препорака е да тестирате неколку апликации и да го инсталирате е-читачот што одговара најдобро на вашите потреби.
Apple уредите имаат вграден е-читач (Apple books) и е-книгата можете да ја отворите веднаш.
За Desktop уредите Сказнувалка ја препорачува апликацијата Calibre (можете да ја преземете бесплатно и да ја инсталирате на вашиот уред).
Сите е-читачи имаат опции за персонализација на текстот, маргините, бојата на позадината, директен пристап до одредена секција од содржината (глави / поглавја), обележување термини, параграфи и други функционалности за вистинско уживање при читањето на е-книгата.
Вие сте на ред, почитувани е-читатели :)
- Бесплатна испорака за нарачки од 1,100+ ден.

