Сказнувалка / Литература за деца и млади
ЅВЕРЧЕ ОД БОИ – боенка
ЅВЕРЧЕ ОД БОИ – боенка
SKU:52-DZV-TV
На залиха
Не може да се вчита достапност за превземање
Автор: Ана Лјенас (Шпанија)
Наслов на оригиналот: El monstre de colors quadern per pintar
Превод од шпански јазик: Христина Петреска
Возраст: 3+ години / 48 стр. / 21 x 27 cm
ISBN 978-608-4998-82-2
Ѕирни во содржината:
Боенката „Ѕверче од бои“ го следи концептот на сликовница „Ѕверче од бои“ од Ана Лјенас и ја претвора во интерактивна игра што им помага на децата да ги истражуваат чувствата. Наместо само да читаат за емоциите, тие бојат сцени од секојдневието на Ѕверчето во различни емоционални ситуации, замислувајќи како би можело тоа да се чувствува – глупаво, збунето, исфрустрирано или весело. Сликовницата ги охрабрува малите уметници да размислуваат независно за чувствата и за боите, наместо строго да ги следат правилата. Таа е корисна алатка за развивање на емоционална писменост, но и за забава.
Боенката „Ѕверче од бои“ е игрива, емоционално ангажирачка и ја спојува креативноста со емоционалното образование – совршена за мали дечиња што учат да ги именуваат и да им даваат бои на своите чувства.
Совет за родители: на прашањето Како би можел да се чувствува Ѕверко во оваа ситуација? не настојувајте децата да ви го дадат одговорот што вие го сметате за точен. Наместо тоа винимателно слушајте ги нивните одговори.
Сподели
Е-книги во издание на Сказнувалка
Е-книги во издание на Сказнувалка
Сказнувалка започна со продажба на електронски изданија (е-книги) на одредени наслови во .epub формат за е-книги. По извршеното плаќање Сказнувалка ќе ви испрати потврда и линк со пристап до датотеки, каде што можете да ја преземете .epub датотеката (или повеќе датотеки доколку купите повеќе од една книга).
Е-книгата можете да ја отворите со е-читачи (e-readers) достапни за сите типологии на уреди:
Android уреди: достапни се повеќе апликации за бесплатно преземање во Google Play (Google Play Books, Amazon Kindle, Adobe Digital Editions и сл.). Наша препорака е да тестирате неколку апликации и да го инсталирате е-читачот што одговара најдобро на вашите потреби.
Apple уредите имаат вграден е-читач (Apple books) и е-книгата можете да ја отворите веднаш.
За Desktop уредите Сказнувалка ја препорачува апликацијата Calibre (можете да ја преземете бесплатно и да ја инсталирате на вашиот уред).
Сите е-читачи имаат опции за персонализација на текстот, маргините, бојата на позадината, директен пристап до одредена секција од содржината (глави / поглавја), обележување термини, параграфи и други функционалности за вистинско уживање при читањето на е-книгата.
Вие сте на ред, почитувани е-читатели :)
- Бесплатна испорака за нарачки од 1,100+ ден.


