Сказнувалка / Литература за деца и млади
ЧУДЕСНИТЕ ДРВЈА: Бајки за дрвјата од целиот свет
ЧУДЕСНИТЕ ДРВЈА: Бајки за дрвјата од целиот свет
SKU:47-OCI-ME
На залиха
Не може да се вчита достапност за превземање
ЧУДЕСНИТЕ ДРВЈА
Бајки за дрвјата од целиот свет
Автори: Бреда Подбрежник-Вукмир, Клариса Јовановиќ (Словенија) Илустратор: Марко Роп (Словенија)
Наслов на оригиналот: ČUDEŽNA DREVESA: PRAVLJICE O DREVESIH Z VSEGA SVETA
Превод од словенечки јазик: Давор Стојановски
Возраст: 6 -12 години / 216 стр. / 15 x 21 cm
ISBN 978-608-4998-59-4
Ѕирни во содржината:
Ние луѓето и дрвјата си наликуваме. Исправени сме, вкоренети, главата или крошната ни се наоѓаат на врвот од телото или од стеблото. Секој човек и секое дрво се уникатни, поинакви и посебни. Ние вдишуваме кислород и издишуваме јаглерод диоксид, а дрвјата – обратно. Исто како и дрвјата, и ние живееме во заедници, поврзани сме меѓусебно и си помагаме. Не само што дрвјата ни нудат кислород без кој не постои живот туку ни нудат и сенка и ја намалуваат температурата, што е мошне значајно во времето на климатските промени. Ја задржуваат водата, спречуваат ерозија, им нудат дом на многу животни, а на луѓето им нудат и храна, лек и материјал за алати, за градбени конструкции и за огрев.
Затоа дрвјата и ние сме меѓусебно поврзани, а за тоа ни раскажуваат и бајките, сказните, легендите и митовите од целиот свет.
.

Сподели
Е-книги во издание на Сказнувалка
Е-книги во издание на Сказнувалка
Сказнувалка започна со продажба на електронски изданија (е-книги) на одредени наслови во .epub формат за е-книги. По извршеното плаќање Сказнувалка ќе ви испрати потврда и линк со пристап до датотеки, каде што можете да ја преземете .epub датотеката (или повеќе датотеки доколку купите повеќе од една книга).
Е-книгата можете да ја отворите со е-читачи (e-readers) достапни за сите типологии на уреди:
Android уреди: достапни се повеќе апликации за бесплатно преземање во Google Play (Google Play Books, Amazon Kindle, Adobe Digital Editions и сл.). Наша препорака е да тестирате неколку апликации и да го инсталирате е-читачот што одговара најдобро на вашите потреби.
Apple уредите имаат вграден е-читач (Apple books) и е-книгата можете да ја отворите веднаш.
За Desktop уредите Сказнувалка ја препорачува апликацијата Calibre (можете да ја преземете бесплатно и да ја инсталирате на вашиот уред).
Сите е-читачи имаат опции за персонализација на текстот, маргините, бојата на позадината, директен пристап до одредена секција од содржината (глави / поглавја), обележување термини, параграфи и други функционалности за вистинско уживање при читањето на е-книгата.
Вие сте на ред, почитувани е-читатели :)
- Бесплатна испорака за нарачки од 1,100+ ден.






