Сказнувалка / Литература за деца и млади
ПИСМА ДО НЕКОГО И ДО НИКОЈ ДРУГ
ПИСМА ДО НЕКОГО И ДО НИКОЈ ДРУГ
SKU:16-PIS-TV
На залиха
Не може да се вчита достапност за превземање
Автор: Тон Телехен (Холандија)
Илустрација: Џесика Алберг (Англија)
Наслов на оригиналот: DE VERJAARDAG VAN DE EEKHOORN EN ANDERE DIEREN
Превод од холандски јазик: Грет Јанс Серафимовска
Возраст: 6+ години / 326 стр. / 15 x 21 cm
ISBN 978-608-4998-13-6
Ѕирни во содржината:
Слонот го кани Полжавот на танц. Верверицата ѝ пишува писмо на Масата. Кртот, сосема сам под земjата, си пишува писма себеси.
Во „Писма до некого и до никој друг“, Тон Телехен смислува свет во кој земните суштества може да испратат писмо до Сонцето (и да им биде одговорено); свет во кој може да се испрати писмо до друго писмо и каде што доволно е нешто да се напише за тоа да стане стварност.
Непредвидливите приказни, дополнети со префинетите илустрации на Џесика Алберг, ги освојуваат читателите од сите возрасти.
Сподели
Е-книги во издание на Сказнувалка
Е-книги во издание на Сказнувалка
Сказнувалка започна со продажба на електронски изданија (е-книги) на одредени наслови во .epub формат за е-книги. По извршеното плаќање Сказнувалка ќе ви испрати потврда и линк со пристап до датотеки, каде што можете да ја преземете .epub датотеката (или повеќе датотеки доколку купите повеќе од една книга).
Е-книгата можете да ја отворите со е-читачи (e-readers) достапни за сите типологии на уреди:
Android уреди: достапни се повеќе апликации за бесплатно преземање во Google Play (Google Play Books, Amazon Kindle, Adobe Digital Editions и сл.). Наша препорака е да тестирате неколку апликации и да го инсталирате е-читачот што одговара најдобро на вашите потреби.
Apple уредите имаат вграден е-читач (Apple books) и е-книгата можете да ја отворите веднаш.
За Desktop уредите Сказнувалка ја препорачува апликацијата Calibre (можете да ја преземете бесплатно и да ја инсталирате на вашиот уред).
Сите е-читачи имаат опции за персонализација на текстот, маргините, бојата на позадината, директен пристап до одредена секција од содржината (глави / поглавја), обележување термини, параграфи и други функционалности за вистинско уживање при читањето на е-книгата.
Вие сте на ред, почитувани е-читатели :)
- Бесплатна испорака за нарачки од 1,100+ ден.





