Кон информации за артиклот
1 од 3

Сказнувалка / Литература за деца и млади

МРЕЖА

МРЕЖА

SKU:12-MRE-ME

Повез
Редовна цена 450 ден.
Редовна цена 450 ден. Продажна цена 450 ден.
Попуст Недостапно
Попусти и испорака вкалкулирани пред плаќање.

На залиха

Автор:  Сара Алегрини (Италија)
Илустрација на корица:  Ване Костуранов
Наслов на оригиналотLA RETE

Превод од италијански јазик:  Ирина Талевска
Возраст: 13+ години / 242 стр. / 15 x 21 cm

ISBN 978-608-66218-0-3

Ѕирни во содржината:

Како да спасиш некого што не сака да биде спасен?

Романот „Мрежа“ е приказна за две момчиња и една девојка кои ќе се најдат среде шума без храна, вода и без мобилен телефон за да побараат помош.

Ноќе низ шумата одекнува само шушкање, нешто налик на човечки пискот, и забрзано срцебиење на Даниел, на Магдалена и на Елија. Во нивните глави безмилосно рие само едно и исто прашање: како завршија таму, сами?

Две очи кришум ги гледаат од зад дрвјата и тие секое утро наоѓаат белешка со задача... Дали ќе се спасат ако ги извршат наредбите?

Во 2020 г., авторот Сара Алегрини ја освојува наградата „Орбил“ за романот „Мрежа“ - награда доделена од независните книжарници во Италија во категоријата „За младинци“.

Сказнувалка: Извадок од книгаИзвадок од книгата →

 

Е-книги во издание на Сказнувалка

Сказнувалка започна со продажба на електронски изданија (е-книги) на одредени наслови во .epub формат за е-книги. По извршеното плаќање Сказнувалка ќе ви испрати потврда и линк со пристап до датотеки, каде што можете да ја преземете .epub датотеката (или повеќе датотеки доколку купите повеќе од една книга).

Е-книгата можете да ја отворите со е-читачи (e-readers) достапни за сите типологии на уреди:

Android уреди: достапни се повеќе апликации за бесплатно преземање во Google Play (Google Play Books, Amazon Kindle, Adobe Digital Editions и сл.). Наша препорака е да тестирате неколку апликации и да го инсталирате е-читачот што одговара најдобро на вашите потреби.

Apple уредите имаат вграден е-читач (Apple books) и е-книгата можете да ја отворите веднаш.

За Desktop уредите Сказнувалка ја препорачува апликацијата Calibre (можете да ја преземете бесплатно и да ја инсталирате на вашиот уред).

Сите е-читачи имаат опции за персонализација на текстот, маргините, бојата на позадината, директен пристап до одредена секција од содржината (глави / поглавја), обележување термини, параграфи и други функционалности за вистинско уживање при читањето на е-книгата.

Вие сте на ред, почитувани е-читатели :) 

  • Бесплатна испорака за нарачки од 1,100+ ден.
Прикажи артикл