Сказнувалка / Литература за деца и млади
МАГЛА
МАГЛА
SKU:8-MAG-ME
На залиха
Не може да се вчита достапност за превземање
Автор: Марта Палацези (Италија)
Илустрација на корица: Ване Костуранов
Наслов на оригиналот: NEBBIA
Превод од италијански јазик: Ирина Талевска
Возраст: 9+ години / 151 стр. / 15 x 21 cm
ISBN 978-608-66218-8-9
Ѕирни во содржината:
Лондон, 1880 г.
Тринаесетгодишниот Клеј е блатар: едно од многуте момчиња што копаат во калливите брегови на Темза во потрага по предмети што ќе може да ги продадат за да преживеат.
Еден ден Клеј тргнува да ѝ продаде тарот-карти на претскажувачката од Чудесниот циркус Смит и Спероу и го преминува прагот на циркусот. А, таму, во еден од кафезите, затворен е „последниот жив волк во Обединетото Кралство“.
Застанат пред тоа суштество со сребрено крзно и килибарен поглед, не може да им поверува на своите очи. За него, навикнат да ги минува деновите на отворено, без какви било ограничувања, ваквата глетка на тоа величествено животно во малиот кафез, жртва на ѕверските насилија на дресерот Парсон, е неподнослива.
Оттогаш Клеј нема да се смири додека Магла не биде повторно на слобода.
Романот „Магла“ во 2020 година ја освојува престижната италијанска награда „Стрега Рагаци“.
Сподели
Е-книги во издание на Сказнувалка
Е-книги во издание на Сказнувалка
Сказнувалка започна со продажба на електронски изданија (е-книги) на одредени наслови во .epub формат за е-книги. По извршеното плаќање Сказнувалка ќе ви испрати потврда и линк со пристап до датотеки, каде што можете да ја преземете .epub датотеката (или повеќе датотеки доколку купите повеќе од една книга).
Е-книгата можете да ја отворите со е-читачи (e-readers) достапни за сите типологии на уреди:
Android уреди: достапни се повеќе апликации за бесплатно преземање во Google Play (Google Play Books, Amazon Kindle, Adobe Digital Editions и сл.). Наша препорака е да тестирате неколку апликации и да го инсталирате е-читачот што одговара најдобро на вашите потреби.
Apple уредите имаат вграден е-читач (Apple books) и е-книгата можете да ја отворите веднаш.
За Desktop уредите Сказнувалка ја препорачува апликацијата Calibre (можете да ја преземете бесплатно и да ја инсталирате на вашиот уред).
Сите е-читачи имаат опции за персонализација на текстот, маргините, бојата на позадината, директен пристап до одредена секција од содржината (глави / поглавја), обележување термини, параграфи и други функционалности за вистинско уживање при читањето на е-книгата.
Вие сте на ред, почитувани е-читатели :)
- Бесплатна испорака за нарачки од 1,100+ ден.



