Сказнувалка / Литература за деца и млади
АВАНТУРИТЕ НА МЛАДИОТ ЛУПЕН: ВО ЛОВ НА ГОСПОДИН МУСТАК
АВАНТУРИТЕ НА МЛАДИОТ ЛУПЕН: ВО ЛОВ НА ГОСПОДИН МУСТАК
SKU:33-AVA-ME
На залиха
Не може да се вчита достапност за превземање
Автор: Марта Палацези (Италија)
Наслов на оригиналот: LE AVVENTURE DEL GIOVANE LUPIN
Превод од италијански јазик: Искра Димковска
Возраст: 9+ години / 160 стр. / 15 x 21 cm
ISBN 978-608-4998-41-9
Ѕирни во содржината:
Итар, храбар и со длабоко чувство за правда и за чест. Лупен има четиринаесет години, но веќе е славен меѓу криминалците во Париз. Живее во најозлогласената зграда во градот, а соседите му се фалсификатори, ограбувачи на банки и провалници. Но, за разлика од нив, тој никогаш не би крадел без добра причина. И секогаш, ама баш секогаш, го дели пленот со сирачињата од соседството!
Еден ден Сирано, немтурестиот скротувач на слонови, и Кларис, вештата акробатка од циркусот „Д’Ивер“, тропаат на неговата врата и за Лупен започнува неочекувана авантура.
Пресврти и бегства, маскирања и досетки...
Марта Палацези нè води во возбудливото минато на Лупен, за да откриеме како момчето Лупен станало најпознатиот и најсакан крадец на светот.
И НАЈПОЗНАТИОТ КРАДЕЦ НА СВЕТОТ НЕКОГАШ БИЛ ДЕТЕ.
Сподели
Е-книги во издание на Сказнувалка
Е-книги во издание на Сказнувалка
Сказнувалка започна со продажба на електронски изданија (е-книги) на одредени наслови во .epub формат за е-книги. По извршеното плаќање Сказнувалка ќе ви испрати потврда и линк со пристап до датотеки, каде што можете да ја преземете .epub датотеката (или повеќе датотеки доколку купите повеќе од една книга).
Е-книгата можете да ја отворите со е-читачи (e-readers) достапни за сите типологии на уреди:
Android уреди: достапни се повеќе апликации за бесплатно преземање во Google Play (Google Play Books, Amazon Kindle, Adobe Digital Editions и сл.). Наша препорака е да тестирате неколку апликации и да го инсталирате е-читачот што одговара најдобро на вашите потреби.
Apple уредите имаат вграден е-читач (Apple books) и е-книгата можете да ја отворите веднаш.
За Desktop уредите Сказнувалка ја препорачува апликацијата Calibre (можете да ја преземете бесплатно и да ја инсталирате на вашиот уред).
Сите е-читачи имаат опции за персонализација на текстот, маргините, бојата на позадината, директен пристап до одредена секција од содржината (глави / поглавја), обележување термини, параграфи и други функционалности за вистинско уживање при читањето на е-книгата.
Вие сте на ред, почитувани е-читатели :)
- Бесплатна испорака за нарачки од 1,100+ ден.


