Магла

Чудесниот свет на буквите
– Жорди Сиера и Фабра

илустрирано од Иван Кастро
Превод од шпански јазик: Сања Михајловиќ Костадиновска

Вирхилио не сакаше да чита. Не, не – Вирхилио мразеше да чита. Арно ама, еден ден немаше друг избор. Се разбира, го принудија. Се разбира, учителката го принуди. Немаше каде. И, згора на тоа, мораше да се сретне со писателот. Но, не знаеше дека овој ден ќе биде почеток на неговиот нов живот. Некои книги се портал што води во фантастичниот свет. Само треба да ги најдете.

Животот на една слика


Приказната на една уметничка слика раскажана во прво лице.
Сликата поминува низ секакви периоди, од удобен семеен живот до прашлива осаменост.
Засведочува радост и тага, љубов и разурнувачка војна.

Возраст: 9+
ISBN: 978-608-4998-16-7

Магла
Магла

„Тенка е границата меѓу инстинктот за преживување и лошотилакот, Клеј“, ми беше објаснил стариот Сал денот кога наполнив осум години. „Ние блатарите се бориме за да ја задржиме контролата на нашите области, но тоа не ни дава право да се насрдиме на послабиот од нас. Значи, ќе влегуваш во судир само со оној што е во состојба да возврати“

Извадок од „Магла“ на Марта Палацези
Превод од италијански јазик – Ирина Талевска



Кој сакаш да бидеш
Кој сакаш да бидеш

̶  Планот ти е одличен. Но, за нешто да подобриме, треба да знаеме какво е, нели?
̶  Секако.
 ̶  А, каков е светот?
̶  Во која смисла?
̶  Во секоја. Бидејќи сакаш да бидеш астронаутка, замисли си дека пристигнуваш во една од оние галактички гостилници какви што има во научно-фантастичните филмови и вонземјанин гостилничар те прашува во каков свет живееш.
̶  Понекогаш мајка ми ми го поставува истото прашање. Кога кажувам или правам нешто што нејзе ѝ се чини глупаво, ми вели: „Ти во каков свет живееш?“, но не чека одговор.  

Извадок од „Кој сакаш да бидеш?“ на Карло Фрабети
Превод од шпански јазик – Сања Михајловиќ Костадиновска


Писма до некого и до никој друг

Драг Полжаву,

Би сакал да Ве прашам дали некогаш би танцувале со мене – и тоа врз Вашата куќичка? Само неколку чекори? Тоа е мојата најголема желба. Ќе танцувам многу внимателно за да не пропаднеме низ покривот. Тоа Ви ветувам. Но, се разбира, никогаш не можеме да бидеме сигурни. 

Слонот

Извадок од „Писма до некого и до никој друг“ на Тон Телехен
Превод од холандски јазик – Грет Јанс Серафимовска

Пишувачите на писма

Децата мислеа дека градоначалникот ги мрази, бидејќи имаше обичај да ги избегнува.
Но, всушност, само се плашеше од нив.
Го обземаше вистинска паника при помислата да се зближи со некое од нив и потоа да се случи некаква несреќа. Затоа што децата не знаеја што се случило во реката. И никој немаше намера да им раскаже.

Извадок од „Пишувачите на писма“ на Беатис Осес
Превод од шпански јазик – Сања Михајловиќ Костадиновска

Празнина

Празнина

– Ана Лјенас

За тебе, за да го најдеш она што го бараш

Возраст: 7+
ISBN: 978-608-66218-3-4

Јулија има голема празнина и ништо не ѝ се допаѓа. На илјадници начини се обидува да ја пополни, да ја избрише. Ќе успее ли во тоа? Животот е полн со средби. Но, и со загуби. Понекогаш овие загуби се безначајни, како кога ќе изгубиш молив или лист хартија. Но, има и поинакви загуби, како кога ќе изгубиш нешто што ти е важно – здравјето или сакана личност. Празнина е книга што ни зборува за нашата способност да се бориме или да се справиме со неволјите, но и да ја пронајдеме смислата на животот.