Да ви ја раскажам мојата приказна

Проектот „Да ви ја раскажам мојата приказна“ се состои од превод, објавување, дистрибуција и промоција на 15 од најдобрите современи европски приказни за адолесценти. Секоја година ќе се објавуваат и промовираат пет наслови од автори од седум различни европски земји: Франција, Италија, Шпанија, Холандија, Словенија, Грција и Полска.
Повеќе…

GG4A: Иновативна меѓукултурна промоција на читањето

Меѓународниот проект „GG4A: Иновативна меѓукултурна промоција на читањето“ промовира и контекстуализира шест висококвалитетни европски книжевни дела за млади читатели од малцински или од помалку познати книжевности, од кои повеќето се напишани на поретко употребувани јазици. Водечки автори од Словенија, од Баскија и од Португалија ќе бидат преведени од реномирани преведувачи на македонски, словенечки, баскиски, шпански и на португалски.
Повеќе…

Еден сосем обичен ден на мечето Ушко

Проект за поттикнување читачки навики кај деца од предучилишна возраст во општина Кисела Вода

Проектот „Еден сосем обичен ден на мечето Ушко“ имаше за цел да понуди активности за промоција на читачка култура наменети за деца од предучилишна возраст во делови од Кисела Вода во кои недостасуваат содржини наменети за најмалите читатели.

Беа реализирани 7 настани во соработка со детските градинки „Весели Цветови“ и „8 Март“ во општина „Кисела Вода“.

Беа донирани вкупно 125 сликовници и книги за деца.

Проектот е делумно финансиски поддржан од Град Скопје, а реализиран во соработка со Општина Кисела Вода.

За оние по нас

План за поттикнување читачки навики кај младите

Книжевен проект (2020–2022) чија цел е е да се развие нова читателска публика, нудејќи им на младите читатели квалитетен избор на европски наслови, врвен превод и сензибилитет различен од вообичаениот.

Избраните книги зборуваат со автентичен глас преку главните ликови, третираат теми привлечни за младите, а истовремено промовираат вредности како толеранција, пријателство и солидарност.
повеќе