Сказнувалка / Литература за деца и млади
ПИКУХЕНКИ
ПИКУХЕНКИ
SKU:22-PIK-ME
На залиха
Не може да се вчита достапност за превземање
Автор: Тон Телехен (Холандија)
Илустрација: Марит Торнквист (Шведска)
Наслов на оригиналот: PIKKUHENKI
Превод од холандски јазик: Грет Јанс Серафимовска
Возраст: 6+ години / 48 стр. / 25 x 30 cm
ISBN 978-608-4998-28-0
Ѕирни во содржината:
Многу одамна, во една далечна земја, живееше вештерка по име Пикухенки, која беше толку малечка што живееше под зрно песок, покрај прашинка, зад ливче трева.
Пикухенки посака да дознае дали е вистинска вештерка.
За да го направи тоа, прво слета во главата на едно куче, кое беше деноноќно врзано на дебел синџир. „Скини го синџирот!“ му рече таа и – ѝ успеа. Потоа летна во главата на мечката што требаше да танцува на селскиот плоштад. Таа и неа ја натера да се побуни против својот суров господар – беше речиси сигурна дека е вистинска вештерка. Тогаш дојде на ред нејзиниот последен и најтежок тест за вештерки. Слета во главата на мало момче.
Ќе успее ли да го направи доволно храбро за да го фрли на колена царот од кого сите се плашеа?
Сподели
Е-книги во издание на Сказнувалка
Е-книги во издание на Сказнувалка
Сказнувалка започна со продажба на електронски изданија (е-книги) на одредени наслови во .epub формат за е-книги. По извршеното плаќање Сказнувалка ќе ви испрати потврда и линк со пристап до датотеки, каде што можете да ја преземете .epub датотеката (или повеќе датотеки доколку купите повеќе од една книга).
Е-книгата можете да ја отворите со е-читачи (e-readers) достапни за сите типологии на уреди:
Android уреди: достапни се повеќе апликации за бесплатно преземање во Google Play (Google Play Books, Amazon Kindle, Adobe Digital Editions и сл.). Наша препорака е да тестирате неколку апликации и да го инсталирате е-читачот што одговара најдобро на вашите потреби.
Apple уредите имаат вграден е-читач (Apple books) и е-книгата можете да ја отворите веднаш.
За Desktop уредите Сказнувалка ја препорачува апликацијата Calibre (можете да ја преземете бесплатно и да ја инсталирате на вашиот уред).
Сите е-читачи имаат опции за персонализација на текстот, маргините, бојата на позадината, директен пристап до одредена секција од содржината (глави / поглавја), обележување термини, параграфи и други функционалности за вистинско уживање при читањето на е-книгата.
Вие сте на ред, почитувани е-читатели :)
- Бесплатна испорака за нарачки од 1,100+ ден.






