Кон информации за артиклот
1 од 6

Сказнувалка / Литература за деца и млади

ГО ВИДЕЛ ЛИ НЕКОЈ ДРУГОТО ЗАЈАЧЕ

ГО ВИДЕЛ ЛИ НЕКОЈ ДРУГОТО ЗАЈАЧЕ

SKU:2-GOV-ME

Повез
Редовна цена 790 ден.
Редовна цена 790 ден. Продажна цена 790 ден.
Попуст Недостапно
Попусти и испорака вкалкулирани пред плаќање.

На залиха

Автор:  Маранке Ринк (Холандија)
Илустрација:  Мартајн ван дер Линден (Холандија)
Наслов на оригиналотMEMORYKONIJN

Превод од холандски јазик:  Сане ван ден Хеувел
Возраст: 3+ години / 56 стр. / 23 x 23 cm

ISBN 978-608-66218-1-0

Ѕирни во содржината:

Зајко го бара другото зајаче. Арно ама, наоѓа авион.

Одиме !

Маранке Ринк ја раскажува приказната за оваа потрага небаре детето ја измислува додека си игра, па таа е преполна со апсурдни пресврти, кралеви, змејови, авиони, автомобили и чамци. И сите овие имаат идентичен двојник некаде низ приказната.

На првите две страници од оваа книга се насликани картички за мемориската игра „Најди го двојникот“. Само една од картичките е отворена и со неа почнува приказната. На картичката има зајак, а на страниците пишува: „Зајко го бара другото зајаче“. И, одеднаш се нурнуваме во светот на играта...

Вистинските картички за игра на задната страна ја надополнуваат оваа книга.

 

Е-книги во издание на Сказнувалка

Сказнувалка започна со продажба на електронски изданија (е-книги) на одредени наслови во .epub формат за е-книги. По извршеното плаќање Сказнувалка ќе ви испрати потврда и линк со пристап до датотеки, каде што можете да ја преземете .epub датотеката (или повеќе датотеки доколку купите повеќе од една книга).

Е-книгата можете да ја отворите со е-читачи (e-readers) достапни за сите типологии на уреди:

Android уреди: достапни се повеќе апликации за бесплатно преземање во Google Play (Google Play Books, Amazon Kindle, Adobe Digital Editions и сл.). Наша препорака е да тестирате неколку апликации и да го инсталирате е-читачот што одговара најдобро на вашите потреби.

Apple уредите имаат вграден е-читач (Apple books) и е-книгата можете да ја отворите веднаш.

За Desktop уредите Сказнувалка ја препорачува апликацијата Calibre (можете да ја преземете бесплатно и да ја инсталирате на вашиот уред).

Сите е-читачи имаат опции за персонализација на текстот, маргините, бојата на позадината, директен пристап до одредена секција од содржината (глави / поглавја), обележување термини, параграфи и други функционалности за вистинско уживање при читањето на е-книгата.

Вие сте на ред, почитувани е-читатели :) 

  • Бесплатна испорака за нарачки од 1,100+ ден.
Прикажи артикл