Работилница на Сказнувалка во ОНБ „Браќа Миладиновци“ - Радовиш

Работилница на Сказнувалка во ОНБ „Браќа Миладиновци“ - Радовиш

Денес, во рамките на последниот ден од Саемот на книги 2024, во ОНБ „Браќа Миладиновци" - Радовиш, издавачката куќа ,,Сказнувалка" одржа практична работилница на тема: ,,Да ти ја раскажам мојата приказна".

Работилницата беше реализирана со ученици од V-1 одделение од ОУ ,,Никола Карев" од Радовиш во координација со наставничката Маријана Стојанова и од VI-3 одделение со класниот раководител Славица Манчева. На работилницата се читаше книгата ,,Кралот што имаше од сѐ по многу" од Марија Папајани, а со раскажување и игра содржините од оваа книга до учениците ги доближи Искра Димковска - уредник во Издавачката куќа ,,Сказнувалка".

Благодарност до сите инволвирани за прекрасното искуство.

Кон блог-страницата