Приказните се важни. Важни се и за децата, за нивниот психички и емотивен развој, но важни се и за развојот на градовите, и за развојот на заедниците.
Во рамки на овогодинешното издание ќе слушаме македонски, грчки, полски, словенечки и шпански приказни во различни формати и ќе се обидеме да ги одгатнеме сите елементи што нѐ поврзуваат. На тој начин сакаме на децата да им ја пренесеме пораката дека сите деца и многу возрасни на светот сонуваат убави соништа: со отворени очи сонуваат за светла земја, во која луѓето не се плашат и се гледаат во очи, за земја во која се игра, се пее, се раскажуваат приказни и лебот се дели на еднакви парчиња.
Овогодинешното издание на фестивалот е дел од проектот „Да ви ја раскажам мојата приказна: протек на европски приказни за млади“ кофинансиран од ЕУ во рамки на програмата „Креативна Европа“.