Ѕверче од бои

Ѕверче од бои

– Ана Лјенас
Бојата на емоциите.

Возраст: 3+
ISBN: 978-608-66218-2-7

Ѕверчето од бои не знае што му се случува.
Направило карамбол со емоциите и сега треба да ја расправи мешаницата.
Ќе умее ли да ги подреди радоста, тагата, лутината, стравот и спокојот?

Сакам Лав!

Сакам Лав!

– Анемари ван дер Еем, Марк Јансен

Хумористична приказна за деца што сакаат миленик. Па и за оние што не сакаат (ако има такви).

Возраст: 3+
ISBN: 978-608-66218-4-1

Едно утро Марио се разбуди. Дома беше тивко. Во суштина, беше здодевно. Одеднаш посака животно. Домашен миленик. Веднаш! Денес! Точно знаеше какво животно сака. Арно ама, како да ја убеди мајка си…

Сосем Обичен Ден

Сосем Обичен Ден

– Марк Јансен

Ода на детската фантазија

Возраст: 3+
ISBN: 978-608-66218-0-3

Вечер е. Ива и Матеј размислуваат за нивниот здодевен ден. Сосем обичен ден во којшто ништо не им се случи… Па, добро: Матеј направи стој на раце, отиде на пливање и си поседе малку, а Ива здогледа пеперутка и се лизгаше на лизгалка.
Но, токму тука испливува магијата на детската имагинација, мечтателно илустрирана од Марк Јасен. Затоа што Матеј направи стој на раце врз главата на тигар, се одмори врз носот на огромен змеј и пливаше со некакви чудни, шарени риби. А Ива се лизгаше на сурла од слон и ја виде пеперутката додека стоеше окружена со медени мечиња.
Ива и Матеј одново нè втурнуваат назад во светот во којшто и ние некогаш сме си играле со лавови и сме пееле погласно од дречливите тропски птици. Чудесна книга која блеска со фантазија и ги брише сите граници меѓу сонот и секојдневието.

Бувче
Бувче

Бувче

– Жулиет Лагранж

За слатките и срамежливи бувчиња.

Возраст: 3+
ISBN: 978-608-4998-17-4

Бувче е многу срамежлива. А, денес треба да зборува пред целото одделение. Колку само ù е страв! Но, мора да собере храброст и да ги земе работите во свои раце. Што се мора, СЕ МОРА!

Застанете! Чудовишта

Застанете! Чудовишта

– Марк Јансен

Сликовница без текст – приказната Вас ве чека!

Возраст: 3+
ISBN: 978-608-66218-5-8

Две сестрички одат да го предадат отпадот. Приколката од нивниот велосипед е полна со старо железо. Арно ама, по пат ги запираат големи, ужасни чудовишта… Што ли сакаат овие грозни суштества? Ќе успеат ли девојчињата да побегнат од нивните канџи? Дознај во оваа забавна и страшна сликовница, во која има само еден збор: Застанете!

Човекот каков е, секој гледа

Човекот каков е,
секој гледа

– Мажена Матушак

илустрирано од Гражина Ригал

Превод од полски јазик: Филип Димевски

Возраст: 3+
ISBN 978-608-4998-25-9

Има долги краци со кои постојано мавта, тесна муцка од која излегуваат меурчиња и големи, опасни пипала. Во темница свети како светулка и знае да лета како птица.

Кое е тоа чудно суштество? Не знаете? А, сте слушнале ли некогаш за… човек?

Кралот што имаше од сѐ по многу

Кралот што имаше од сѐ по многу

– Марија Папајани

илустрирано од Ефи Лада

Превод од грчки јазик: Софија Григориаду и Живко Грозданоски

Возраст: 3+
ISBN 978-608-4998-22-8

Си беше еднаш еден крал, кој имаше од сè по многу. Живееше среќен – и тој и сите во кралството – сè додека не сони дека изгубил сè. Тогаш во него се всади страв. И веќе ништо не беше како порано. Кралот со никого не зборуваше за кошмарите. Не знаеше будалата дека и болките и радостите се споделуваат со другите. И дека така болките се намалуваат, а радостите растат.

Го видел ли некој другото зајаче?

Го видел ли некој другото зајаче?

– Маранке Ринк и Мартајн ван дер Линден

За оние што сакаат да создаваат приказни низ игра.

Возраст: 3+
ISBN: 978-608-66218-1-0

На првите две страници од оваа книга се насликани картички за мемориската игра „најди го двојникот“.
Само една од картичките е отворена и со неа почнува приказната. На картичката има зајак, а на страниците пишува „Зајко го бара другото зајаче“.
На следните две страници се отвора уште една картичка што открива црвен авион, па со неа приказната се плете понатаму: „Но, наоѓа авион.“
Одеднаш се нурнуваме во светот на играта и го гледаме зајакот во црвениот авион во потрага по неговиот пар.
Маранке Ринк ја раскажува приказната за оваа потрага небаре детето ја измислува додека си игра, па таа е преполна со апсурдни пресврти, кралеви, змејови, авиони, автомобили и чамци. И сите овие имаат идентичен двојник некаде низ приказната.
Белината на страниците се комбинира со свежи бои, па илустрациите се свежи и јасни.
Вистинските картички за игра на задната корица ја дополнуваат оваа иновативна книга.

Фискултурецот Николај крадецот го збрка

Фискултурецот Николај крадецот го збрка

– Клариса Јовановиќ и Штефан Турк

Забавна приказна за еден крадец и за еден гимнастичар.

Возраст: 3+
ISBN: 978-608-66218-6-5

Секојдневниот живот во еден идиличен град е нарушен од арогантните потфати на еден крадец. Добро е што гимнастичарот Николај го забележа ова навреме, инаку сѐ ќе беше многу посложено. Но, да ја скратиме приказната, која инаку би била многу долга… Николај ги дотера нештата в ред. Сончева и хумористична приказна во стихови на словенечката поетеса и преведувачка Клариса Јовановиќ. Илустрациите се на познатиот илустратор од Трст, Штефан Турк.

Пикухенки

Пикухенки

– Тон Телехен
илустрирано од Марит Торнквист

Возраст: 3+
ISBN: 978-608-4998-28-0

Многу одамна, во една далечна земја, живееше вештерка по име Пикухенки, која беше толку малечка што живееше под зрно песок, покрај прашинка, зад ливче трева. Пикуенки посака да дознае дали е вистинска вештерка. За да го направи тоа, прво слета во главата на едно куче, кое беше деноноќно врзано на дебел синџир. „Скини го синџирот!“ му рече таа и – ѝ успеа. Потоа летна во главата на мечката што требаше да танцува на селскиот плоштад. Таа и неа ја натера да се побуни против својот суров господар – беше речиси сигурна дека е вистинска вештерка. Тогаш дојде на ред нејзиниот последен и најтежок тест за вештерки. Слета во главата на мало момче. Ќе успее ли да го направи доволно храбро за да го фрли на колена царот од кого сите се плашеа?