Ѕверче од бои

Ѕверче од бои

– Ана Лјенас
Бојата на емоциите.

Возраст: 3+
ISBN: 978-608-66218-2-7

Ѕверчето од бои не знае што му се случува.
Направило карамбол со емоциите и сега треба да ја расправи мешаницата.
Ќе умее ли да ги подреди радоста, тагата, лутината, стравот и спокојот?

Празнина

Празнина

– Ана Лјенас

За тебе, за да го најдеш она што го бараш

Возраст: 7+
ISBN: 978-608-66218-3-4

Јулија има голема празнина и ништо не ѝ се допаѓа. На илјадници начини се обидува да ја пополни, да ја избрише. Ќе успее ли во тоа? Животот е полн со средби. Но, и со загуби. Понекогаш овие загуби се безначајни, како кога ќе изгубиш молив или лист хартија. Но, има и поинакви загуби, како кога ќе изгубиш нешто што ти е важно – здравјето или сакана личност. Празнина е книга што ни зборува за нашата способност да се бориме или да се справиме со неволјите, но и да ја пронајдеме смислата на животот.

Сосем Обичен Ден

Сосем Обичен Ден

– Марк Јансен

Ода на детската фантазија

Возраст: 3+
ISBN: 978-608-66218-0-3

Вечер е. Ива и Матеј размислуваат за нивниот здодевен ден. Сосем обичен ден во којшто ништо не им се случи… Па, добро: Матеј направи стој на раце, отиде на пливање и си поседе малку, а Ива здогледа пеперутка и се лизгаше на лизгалка.
Но, токму тука испливува магијата на детската имагинација, мечтателно илустрирана од Марк Јасен. Затоа што Матеј направи стој на раце врз главата на тигар, се одмори врз носот на огромен змеј и пливаше со некакви чудни, шарени риби. А Ива се лизгаше на сурла од слон и ја виде пеперутката додека стоеше окружена со медени мечиња.
Ива и Матеј одново нè втурнуваат назад во светот во којшто и ние некогаш сме си играле со лавови и сме пееле погласно од дречливите тропски птици. Чудесна книга која блеска со фантазија и ги брише сите граници меѓу сонот и секојдневието.

Сакам Лав!

Сакам Лав!

– Анемари ван дер Еем, Марк Јансен

Хумористична приказна за деца што сакаат миленик. Па и за оние што не сакаат (ако има такви).

Возраст: 3+
ISBN: 978-608-66218-4-1

Едно утро Марио се разбуди. Дома беше тивко. Во суштина, беше здодевно. Одеднаш посака животно. Домашен миленик. Веднаш! Денес! Точно знаеше какво животно сака. Арно ама, како да ја убеди мајка си…

Застанете! Чудовишта

Застанете! Чудовишта

– Марк Јансен

Сликовница без текст – приказната Вас ве чека!

Возраст: 3+
ISBN: 978-608-66218-5-8

Две сестрички одат да го предадат отпадот. Приколката од нивниот велосипед е полна со старо железо. Арно ама, по пат ги запираат големи, ужасни чудовишта… Што ли сакаат овие грозни суштества? Ќе успеат ли девојчињата да побегнат од нивните канџи? Дознај во оваа забавна и страшна сликовница, во која има само еден збор: Застанете!

Го видел ли некој другото зајаче?

Го видел ли некој другото зајаче?

– Маранке Ринк и Мартајн ван дер Линден

За оние што сакаат да создаваат приказни низ игра.

Возраст: 3+
ISBN: 978-608-66218-1-0

На првите две страници од оваа книга се насликани картички за мемориската игра „најди го двојникот“.
Само една од картичките е отворена и со неа почнува приказната. На картичката има зајак, а на страниците пишува „Зајко го бара другото зајаче“.
На следните две страници се отвора уште една картичка што открива црвен авион, па со неа приказната се плете понатаму: „Но, наоѓа авион.“
Одеднаш се нурнуваме во светот на играта и го гледаме зајакот во црвениот авион во потрага по неговиот пар.
Маранке Ринк ја раскажува приказната за оваа потрага небаре детето ја измислува додека си игра, па таа е преполна со апсурдни пресврти, кралеви, змејови, авиони, автомобили и чамци. И сите овие имаат идентичен двојник некаде низ приказната.
Белината на страниците се комбинира со свежи бои, па илустрациите се свежи и јасни.
Вистинските картички за игра на задната корица ја дополнуваат оваа иновативна книга.