МрежаМрежа

            „Мора да те излечиме од ова незнаење.“
Даниел смртно се навреди, а Пјетро објасни подобро.
          „Не смееш да се вратиш во светот и вака да се резилиш.“
           „Луѓето со кои се дружам не зборуваат за овие работи“, рече намусен.
           „Тогаш можеби треба да се дружиш со други луѓе. Тие што ќе те направат подобар.“
           „Океј“, си помисли Даниел навреден и полн со гнев,
           „невозможно е да се разговара со стариов. Ист е како сите други профи, роден за да направи да се чувствуваш како гомно“.

            Тргна да станува, но, на свое изненадување, Пјетро повторно почна да зборува. „Како и да е, човек не учи за да се перчи или за да има нешто интелигентно да каже. Човек учи зашто е убаво да се осознава и да се разбере светот.“

Извадок од „Мрежа“ на Сара Алегрини
Превод од италијански јазик – Ирина Талевска