Услови за користење и политики на приватност на интернет страницата

Авторски права

Сите материјали подлежат на авторско право, освен оние каде јасно е нагласено дека се за слободно споделување. Ниту еден дел од овие страници не може да се користи за каква било цел, особено комерцијална, без изрично овластување од СКАЗНУВАЛКА.

Затоа, забранета е репродукција, модификација, складирање во систем за враќање или реемитување, во каква било форма или на кој било начин, без претходно писмено одобрение. Исклучок се дидактичките материјали за кои јасно е нагласено дека се за слободно споделување.

Достава и рефундирање средства

Начин и услови за достава

По направената online нарачка на производите, вашите податоци (име и презиме, адреса, телефонски број, наслов и количина) влегуваат во нашиот систем и се испраќаат до адресата која е наведена при самата нарачка. Доставата ја врши СКАЗНУВАЛКА или компанија дистрибутер.

Доколку доставувачот не успее да ве пронајде на адресата која сте ја навеле, ќе бидете исконтактирани по телефон на бројот кој сте го оставиле и ќе може да договорите нов термин и адреса на испорака. Доколку и при вториот обид доставувачот не успее да ве пронајде, пратката ќе биде вратена кај нас. Откако пратката ќе биде вратена, ќе бидете исконтактирани за причината за неподигање на нарачката, со можност за повторен договор за испорака.

Со цел да се поедностави процедурата за достава на производот, обезбедете лице кое ќе биде присутно за примање/ подигнување на нарачката на адресата која сте ја навеле при online нарачката.

При преземање на пратката, купувачот е должен да ја провери точната бројка на доставени примероци/производи, како и да изврши проверка за евентуални оштетувања при транспорт (квантитативен и квалитативен прием). Доколку има отстапување на доставеното од нарачаното, односно има потреба од рекламација, купувачот истата треба да ја пријави веднаш. Производите се заменуваат под условите пропишани во Законот за заштита на купувачите.

Обработката на нарачките и подготовката на производите за достава се врши во рамки на работното време на СКАЗНУВАЛКА ДООЕЛ Скопје (пон-пет од 09:00-17:00 ч.).

Од моментот на нарачка, утврдениот рок на испорака е најдоцна до 5 работни дена.

Трошоците за достава на производите зависат од сумата на нарачката. 

За поединечни нарачки со сума повисока од 1.000 денари доставата е бесплатна. 

За нарачки под 1000 денари, доставата ја плаќа купувачот и таа чини 50 денари.

Цените важат за градовите низ цела Македонија.

Поврат на средства

СКАЗНУВАЛКА овозможува поврат на средства за изданијата кои се купени и платени од е-продавницата www.skaznuvalka.mk, под долунаведените услови:

Откако доставувачот ќе ви ја достави пратката, во негово присуство веднаш проверете го производот и доколку на него има видливи оштетувања или производот не е во согласност со вашата нарачка, побарајте нѐ на телефонскиот број  071/38-35-46  или испратете ни e-mail со своите податоци (име, презиме и телефон) на адресата skaznuvalka@gmail.com  со наслов „Поврат на средства“ и наведете ги причините поради кои сакате да направите замена, односно, враќање на производот. Контактирајте нѐ најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката. Во најкраток можен рок, ќе ве известиме за понатамошната постапка.

Производот може да го вратите или замените во рок од 5 дена од денот на направената нарачка. Производот мора да бидe неоштетен и неупотребуван, придружен со сите оригинални документи кои сте ги добиле заедно со производот (фискална сметка/ фактура). Така подготвен и запакуван, на сопствен трошок, можете да го вратите производот во СКАЗНУВАЛКА ДООЕЛ Скопје на адреса: „Жил Верн“ бр.14, 1000 Скопје.

Во случај да барате враќање на паричните средства, тоа можете да го остварите само доколку производот го вратите неупотребуван со приложена фактура или испратница во период од 5 дена од приемот на производот. Парите ќе ви бидат префрлени на истата банкарска сметка која сте ја користеле при плаќање на производот, со задршка на трошоците за банкарски провизии и дистрибуција.

По приемот на производот проверуваме дали производот е оштетен или користен, а потоа ви испраќаме соодветна замена.

Враќањето на средствата на купувачот, без оглед на причината за враќање, online продавницата www.skaznuvalka.mk има обврска да го изврши исклучиво на трансакциската сметка која гласи на име на нарачателот, односно, корисникот на картичката со која било извршено плаќањето, односно на лицето на чие име била изготвена фактурата.

Услови за користење и политика за приватност на интернет страницата

Со оваа Политика за приватност на интернет страницата www.skaznuvalka.mk се уредуваат начините на кои се собираат, одржуваат и откриваат податоците собрани од посетителите на веб страницата www.skaznuvalka.mk (во понатамошниот текст: Веб страница).

Оваа Политика за приватност се однесува исклучиво на корисниците на Веб страницата. Доколку на Веб страницата е содржан линк кој ќе ве поврзе со други веб страници, ние не преземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие интернет страници.

Трансакцијата при наплаќање на производот е пренасочена и се процесира преку Е-commerce терминал од Стопанска Банка АД Скопје и во целост ќе биде процесирана од страна на CaSys International.

Посетата на нашата Веб страница e анонимна. Ние ги собираме личните идентификациски информации од посетителите само доколку тие самите се согласат да ги достават таквите податоци до нас преку пополнување на формуларот за регистрација за купување од нашата интернет продавница.

Со користење на нашата Веб страница се согласувате со одредбите од оваа Политика за приватност на личните податоци на страницата. Доколку не се согласувате со оваа Политика, ве молиме да не ја користите нашата страница.

Доколку се регистрирате за онлајн купување, сите лични податоци кои ќе ги внесете преку формата за регистрација, ќе се користат исклучиво за потребите на процесирање на вашата нарачка.

При вршење на регистрацијаќе ви бидат побарани следниве податоци:

  • Име и презиме
  • E-mail адреса (адреса за електронска пошта)
  • Адреса за испорака на нарачката и адреса за доставување на фактура по ваше барање
  • Телефон за контакт

Податоците кои ги собираме се чуваат кај нас, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна, освен на надлежните органи на начин определен со позитивните законски прописи на Република Северна Македонија.

Вашите лични податоци нема да бидат продавани, разменувани, изнајмувани или споделувани со други физички или правни лица, органи на државна власт или други тела, освен во случаи утврдени со закон.

Нашата Веб страница ги презема сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага, заради спречување неовластен пристап, неовластено откривање или нивна евентуална злоупотреба.

Нашата Веб страница може да користи колачиња („Cookies“) за да се подобри корисничкото искуство. „Cookies“ се мали датотеки кои се внесуваат на компјутерот на посетителот од страна на веб серверот. Сите информации кои се меморираат во рамките на „Cookies“ можат да бидат искористени само за потребите на веб услугата и тоа на начин на кој вашата приватност нема да биде загрозена. Секој посетител ја има можноста да избере и да го уреди својот Интернет пребарувач да ги одбие колачињата или да јави предупредување секогаш кога ќе се пратат колачиња. Доколку корисниците ја одберат таа можност, одредени делови од страницата може да не функционираат како што е предвидено.

Доколку сте регистрирани на нашата Веб страница, врз основа на ваше писмено барање имате право да бидете информирани кои лични податоци се обработуваат за вас, и да пристапите до вашите лични податоци и да ги дополните, измените, избришете или да побарате запирање на нивната понатамошна обработка.

Нашата Веб страница го задржува правото во секое време да jа измени или дополни оваа Политика за приватност, за што ќе биде поставено видливо известување на Веб страницата.

Доколку сакате Вашите податоци да бидат корегирани или избришани, можете да нè контактирате на следната електронска адреса: skaznuvalka@gmail.com.

СКАЗНУВАЛКА ДООЕЛ Скопје