Саем на книгата 2021

„Сказнувалка“ зеде учество на Саемот на книгата 2021 што се одржа од 8 до 14 септември во А1 Арена во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.



Звуци-Бои во Буква

На 16 мај 2021 год. во кафе-книжарницата „Буква“ во рамки на фестивалот Артареа #4 „Сказнувалка“ ја збогати програмата за деца со настанот под наслов „Звуци-бои“ инспириран од изданието „Сакам лав“ од Марк Јансен.



Роденденски конкурс 2021

По повод својот трет роденден, на 16.01.2021 „Сказнувалка“ распиша Конкурс за најавтентична детска рецензија за деца од 4 до 7 години.

Во февруари 20-ина деца беа наградени со изданијата на „Сказнувалка“ за своите прекрасни видео рецензии.

Објава во okno.mk



Мал новогодишен саем за книги 2020

„Сказнувалка“ зеде учество на единаесетото издание на Малиот новогодишен саем на книги (24-27 декември, Градски парк Скопје). Покрај нас, на саемот со свои изданија се претставија повеќе издавачки куќи: Темплум, Гаврош, Бегемот, Или-или, ПНВ Публикации, Бункер, Чудна шума, Слово и PMG Rekordings.

Како и сите учесници, бевме дел и од прекрасниот детски Конкурс за куса-куса книжевна критика.

статија за саемот статија за конкурсот



Литера 2020

„Сказнувалка“ зеде поголемо учество во рамки на Меѓународниот фестивал за литература и илустрации за деца (14-19.10.2020, Национална галерија Скопје).

На 16 октомври, Искра Димковска беше учесник во дебатата на тема „Како децата се запознаваат со предизвиците во животот преку литературата?“, заедно со проф.д-р Весна Мојсова-Чепишевска, проф.д-р и писател Владимир Мартиновски и психологот Христина Стефановска.

На 17 октомври, беше одржана едукативна работилница за деца, инспирирана од сликовницата „Празнина“ од Ана Лјенас.

статија за дебатата



„Го видел ли некој другото зајаче?“ во Гаврош

На 7 декември 2019 год. во книжарницата „Гаврош“ се одржа настан за промовирање читачки навики и култура на гласно читање за деца од предучилишна возраст под наслов „Го видел ли некој другото зајаче?“ инспириран од истоимената сликовница во издание на „Сказнувалка“.



Бејби рејв

На 17 февруари 2019 Сказнувалка гостуваше на Baby Rave vol.2, забава за деца од 0 до 6 години.



Скопје Креатива 2018

На 13 мај 2018 год. на тревникот пред МКЦ Сказнувалка одржа креативна работилница за деца од претшколска возраст: Читаме во природа! Читаме низ игра.

На отворено, во шаторче, сите дечиња уживаа во приказните и игрите.„Скопје креатива“ е фестивал за развој на креативните индустрии во Македонија; целта на фестивалот е поттикнување и развој на културно-креативната индустрија во Скопје и Македонија преку континуирано настојување за креативно поврзување и соработки помеѓу локалниот уметничко-креативниот сектор со заедниците на бизнисот, идустријата, претприемачкиот сектор во Македонија.